Monday, December 10, 2018

Андреа Лекиќ

Андреа Лекиќ (родена на 6 септември 1987 год. во Белград) — српскаракометарка, која игра на позицијата среден бек за ЧСМ Букурешт и засрпската репрезентација.Лекиќ е капитен на репрезентацијата на Србија и била прогласена за најдобар среден бек на Европското првенство 2012 во Србија.  Ракомет почнала да тренира на 11-годишна возраст во ОРК Београд под водство на тренерот Весна Бојковиќ. Но, пред да го избере ракометот, Андреа на рана возраст била успешна и во неколку други спортови. Прво тренирала карате и стигнала до „син појас“ пред да се префрли на спортовите со топка. Почнала со одбојка, но кошарката и привлекувала многу поголемо внимание, играла и фудбал, а се пробала и во тенис кој и денес и е еден од омилените спортови. По ОРК Београд, Лекиќ две сезони била во Раднички, а со неполни 18 години се преселила во екипата на „Књаз Милош“ од Аранѓеловац со која во 2007 година ја освоиле првата шампионска титула во Србија. По многуте примамливи понуди од странство кој уследиле, изборот за трансфер паднал на двократниот освојувач на Лигата на шампионите,словенечкиот Крим Меркатор. Со екипата на Крим, Лекиќ освоила четири двојни круни во Словенија, и три пати во четири години стигала со клубот до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во 2011 година таа била избрана за најдобра ракометарка во словенечкото првенство.

No comments:

Post a Comment