Sunday, December 9, 2018

Јованка Радичевиќ

Јованка Радичевиќ (23 октомври 1986ПодгорицаЦрна Гора) -црногорска ракометарка, десно крило на ЖРК Вардар.Радичевиќ ја започнала професионалната кариера во екипата на „Будуќност“, во која провела осум сезони (2004-2011) при што освоила седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во Купот на победниците на куповите (2006, 2010). Во 2011 година, Радичевиќ се преселила во составот на „Ѓер ЕТО“ од Унгарија и двапати ги освоила шампионската титула и Купот на Унгарија, а во сезоната 2012-2013 со „Ѓер“ ја освоила и Лигата на шампионите, откако една година претходно стигнала до финалето на ова натпреварување. Потоа, таа преминала во екипата на ЖРК „Вардар“ од Скопје, при што двапати го освоила третото место во Лигата на шампионите.


No comments:

Post a Comment